Од Дебарско–кичевската епархија информираат дека на ден 8-ми ноември, петок, во црквата „Св. вмч. Георгиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден“.

Литургијата ќе почне во 08.45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews