Во текот на утрешниот ден времето во Охрид ќе биде топло и сончево со температура до 20 степени. Во сабота ќе биде сончево со периоди на облачност и можност за пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Температурата ќе се движи до 21 степен.

Во недела се очекува посвежо и променливо време, со можни врнежи и грмежи и температура до 15 степени.

Во текот на викендот ќе дува засилен ветар од источна и југо-источна страна.

OhridNews