Утрово околу 5.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа се случила тешка сообраќајна незгода во која едно малолетно лице се здобило со тешки телесни повреди.

– Повреденото заедно со уште едно лице се наоѓале во возило кое се движело во правец од Кичево кон Охрид. Во еден момент возачот изгубил контрола врз возилото и тоа излетало од патот. Поради сериозноста на повредите, малолетното лице е пренесено на скопските клиники, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Очевидци на настанот велат дека возилото било со гостиварски регистарски таблици.

Извршен е увид на местото на кое се случило сообраќајната незгода.

Ohridnews