Бројот на загинатите во разорните земјотреси што во вторникот ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 235, додека повеќе од 1.500 лица се повредени, а околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, според најновите информации што ги објавија венецуелските власти и меѓународните медиуми, пренесуваат светските агенции.


Спасувачките екипи непрекинато пребаруваат урнати станбени и деловни објекти, особено во најтешко погодените подрачја околу Каракас и државата Ла Гуаира. Властите соопштија дека најмалку 200 лица се заробени под урнатините, додека илјадници семејства сè уште немаат информации за судбината на своите најблиски.

Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), земјата беше погодена од два последователни силни земјотреси со магнитуда 7,2 и 7,5 степени, со епицентар во близина на градот Јумаре, околу 160 километри западно од Каракас. USGS за двата потреса издаде највисоко ниво на предупредување (PAGER Red), проценувајќи дека станува збор за катастрофа со исклучително голем број човечки жртви и огромни материјални штети.

Во меѓувреме, започна и голема меѓународна хуманитарна операција. Обединетите нации, повеќе држави и хуманитарни организации испраќаат спасувачки тимови, медицинска опрема и итна помош, додека венецуелската влада прогласи вонредна состојба во најпогодените региони.

OhridNews
Видео/фото: X