На Граничен премин „Богородица“, вчера, лишено е од слобода 26-годишно лице од Република Албанија, во чие возило се пронајдени 11 килограми марихуана.

Службениците при Царинската управа, при преглед на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, со албански национални ознаки, во специјално направен бункер, пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 кг.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews