На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, во вторник 2-ри мај, ќе се одбележи отворањето на летната сезона 2017 година, со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам, со авиокомпанијата Корендон.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески.

OhridNews