Водостојот на Охридско Езеро денес е 5 сантиметри над дозволениот природен минимум утврден на 693,10 м.н.в. и се наоѓа на кота 693.15 м.н.в., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Тој и за 14 сантиметри под просекот за месец ноември кој изнесува 693,29 м.н.в.

Податоците на УХМР покажуваат дека и вчера нивото се наоѓало на иста кота како и денешната.

OhridNews