Водостојот на Охридско Езеро денес е 3 сантиметри над дозволениот природен минимум утврден на 693,10 м.н.в. и се наоѓа на кота 693.13 м.н.в., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Тој е и за 16 сантиметри под просекот за месец ноември кој изнесува 693,29 м.н.в.

Неделната анализа покажува дека нивото е намалено за 2 сантиметри од првиот ден (693.15 м.н.в.) до денешното измерено.

OhridNews