Полицијата со силна офанзива во попладневните часови ја разбила терористичката група во Куманово, јавуваат повеќе национални медиуми. Неофицијално имало и куси преговори, по што триесетина терористи и се предале на полицијата.

Последните инфоемации од теренот говорат дека во кумановската дива населба, каде од утрово се водеа жестоки борби, повеќе не се слушаат интензивни пукотници, а кон и од местото на настанот постојано доаѓаат и заминуваат медицински возила.

OhridNews