Од СВР Охрид со официјално соопштение околу сообраќајната незгода во која животот го загуби тракторист, за што утрово информираше OhridNews.

Информираат дека сообраќајната незгода се случила вчера, во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар. Учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од охридското село Горно Лакочереј и трактор без регистарски ознаки, управуван од 48-годишен жител на струшкото село Велешта.

  • Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Струга.

OhridNews

Загина тракторист