Викендов беа одиграни натпреварите од четвртото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“.

Во неделните натпревари Костал убедливо победи во натпреварот со екипата од Општина Охрид постигнувајќи 13 гола наспроти едниот од противничката екипа (13:1), додека ТАВ Аеродром изгуби од Магна (1:4). Екипата на ЛТХ Леарница беше слободна во ова коло.
По одиграното четврто коло по 12 бода и на врвот на табелата се екипите на Магна и Жито леб, додека со 9 бода се екипите на Инекс Олгица и Макпетрол.

Натпреварите продолжуваат следниот викенд со петтото коло. Во рамки на турнирот предвидено е да бидат одгирани 9 кола.
OhridNews

















