Петтото одиграно коло од Езерската Бизнис Лига донесе многу голови, пресврти и неизвесни моменти на теренот. Екипите повторно покажаа дека конкуренцијата во лигата станува сè поинтересна, а секој бод е исклучително важен во трката за врвот на табелата.

ЛТХ Леарница одигра одличен натпревар и со сигурна игра ја запиша победата против екипата на Општина Охрид постигнувајќи резултат 4:1. Со цврста одбрана и ефикасен напад успеаја да ја контролираат играта и да ги освојат трите бода. Инекс Олгица прикажа одлична офанзивна игра и со пет постигнати погодоци стигна до убедлива победа над екипата на Магна (5:2).

Еден од најинтересните натпревари во колото меѓу екипите на Макпетрол – АСП ПАК кои играа отворено и напаѓачки, но на крајот Макпетрол успеа да ја задржи предноста и да стигне до важна победа со два гола предност (5:3). ТАВ Аеродром – Жито Леб одиграа нерешено (2:2) и освоија по еден бод по натпревар во кој шансите беа поделени. Костал беше слободна екипа во ова коло.

По одиграното петто коло 13 бода има екипата на Жито Леб, додека со по 12 бода се екипите на Магна, Макпетрол и Инекс Олгица.

Најдобари стрелци во петтото коло се Наум Танески и Климент Ристоски со по 7 голови, а по нив Александар Андревски и Илија Ноер Велјаноски кои постигнаа по 6 гола.

Лигата продолжува со уште поголема неизвесност и возбудувања. Борбата за секој бод продолжува, а следното коло ветува нови дерби пресметки и интересни натпревари!

OhridNews