На локалниот пат село Вишни-Радолишта, струшко, на 3-ти мај се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 34-годишен стружанец, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија.

Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга.

OhridNews