„Тргнаа на летување, а летнаа во провалија… Иван (24) и Ана (19) го загубија животот сообраќајна незгода…“ – со оваа порака и со поставување скршено возило во Градскиот парк во Скопје, РСБСП, МВР, Америт и Град Скопје преку визуелен приказ ќе предупредат за опасностите што со себе ги носи неодговорното, несоодветното и несовесното учество во сообраќајот. Воедно, ја продолжуваат кампањата за подигнување на свеста кај возачите, под мотото „Не летај, летувај!“ Скршеното возило што ќе биде поставено кај фонтаната во Градскиот парк ќе биде на оваа локација сѐ до завршување на летото.

Примарна цел за автентично прикажување на последиците од неодговорно и несоодветно учество во сообраќајот со фатален крај е подигнување на свеста кај возачите за безбедно, одговорно и смирено учество во сообраќајот. Само кога вака ќе се вклучат во сообраќајот, патувањето до посакуваната дестинација ќе биде безбедно, а личниот и животот на другите патници ќе бидат заштитени, потенцираат од РСБСП.

РСБСП уште еднаш ги потсетува возачите дека, возењето под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената се најчестите причини за сообраќајни незгоди во перидот на годишните одмори. Возилото е поставено токму во Градскиот парк бидејќи токму таа улица е најфрекфентна во градов, улица по која младите најчесто се движат во текот на ноќните часови.

„Искрено, сметаме декавистинските приказни се тажни и болни, но за жал, понекогаш тие се единствениот начин да покажеме дека една минута невнимание може да значи изгубен живот, велат од советот.

Според статистиката на МВР, вкупно 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2017 година. Во нив, голем број се млади лица на возраст од 15 до 40 години, односно таа бројка изнесува 66 загубени млади животи. Минатата година, речиси секојдневно се случувале сообраќајни незгоди со фатални последици (4020), а најголемиот дел од нив (438) се случиле во месец јули. Статистиката говори дека и оваа година повеќе од 65 лица загинале на патиштата во Македонија.

OhridNews