Не не нееееее….денес ак си дојден за мандатот да зборвиме ич….да те немат. За то ветив дека немат да зборвиме и чек малку на работа сум почекај гужва е на телефонов: “Ало. Да? Ооооооо Доне убо дете. Хав ар ју. Шојмат по америкине? Убо бе убо. Аааааа фала. И ти да си дочекаш дедо да станиш како Форина. Ајде земај Мелани и идај. Не јас. Баба прајт мекици, цела Македонија прајт, јас само примам честитки. Бај бај.“

Глеш дека во моментов неможам. Пиј го кафето и…аха пак ѕвонит: “Ајде ајде. Силвупле Емануелчо. Силфупле бабо дупач. Хихихих….мала шала де. Фала фала. Е сега как да ти речам и ти дедо да станиш ко твојата врсна е со баба. Низ гас не ќе го родит, па после да те напрает дедо. Коме ва? Ар пак ти. Ак немојт да издржит та, дојди ти. Требјен.“

Ар мирен ќе ти кажам чек ак ….еве на зборот: “Лелеле ме изненади фраерче едно со најуба фризура на светот. Фала фала и ти да си дочекаш. Не те прашвам за коронава знам дека тој едниот го излечи со куршум. Абре Кимче бре Кимче, шо чест та мене та на Таљата ни напрај шо се јавит. Ќе го поздравам и тој ми те поздрављат и ми рече да ти речам: 게이 지방…хахаххахах. Не се љути бе одма, знајш дека он само те дупил по маљо.“

Е исклучи го сега. Да попрајме муабет. Како бре шо се јављет од цел свет? Па на Таљата внук му се роди, не ќе му се јављет на тако ми. Нему и на другите наместо внуци им се раѓет гуштерици. Па ова е бре прв пат во историјата да се родит внук некому и како сега да…

Знаев знаев дека ќе ме наместиш, а ветив дека немат да зборвам за мандатот. Вака да ти кажам. Мицко не ојде кај Стевета за мандатот. Не ојде официјално. З`ш да беше официјална посетата и за мандатот, не ќе ојт онака кошуљосан и завратен во ракајне ко за работа. Не така? Тој како газда на 5-6 електрани ојде да оргират да им стрескотит Стево, како секош знајш ти каков е тој ко ќе се налутит, на оние од регулаторна за да не ја кревет цената на струјата.

Дури и јас ко шо разбрав, од извори блиски до Биљана, му понудил и да продајт една централа само цената да поевтинит, а не да се кренит. Како ам. Абре тој дават и душа и срце за македонскиов народ. Е само Груја не го дават. Иначе знам дека гинит за нас и многу го болит за народов. Ко ти викам за нас многу го болит. Плус то тврдам дека Мицкалевич не е ич, ама ич во спрега со ЕВН, регулаторна, нај ич со СДСМ. ПрепоептемнајИЧ.

Е во ова ситуација да ти кажам нешто искрено. Ама искрено сфатиме. Ептем ми фалит др. Латас. Ептем. Ак те лажам да дајт Господ 10 000 евра плата да земам и пратеник да се сторам, да се мачам ко Сизифа. Абе тој да беше сега како ова со струјава ќе го исфилуваше кун позитива то е страшна работа: негативно кревање на цената, позитивен дефицит, среќна смрт, благосостојбателна сиромаштија, абе цар е тој. Ак ти теквит во времето секое гомно од Груја, торта го праеше. Море море способен чоек.

Е сега немојт. Не му е тука Зоне, началникот, ама ко не тука. А пусти доктор добиваше инспирација после од споменатите. А Зајко не му ги овозможвит такви актвности з`ш немат време, з`ш денојве тој ќе морат со Аљи, Сеља и други …..

Тук едно да знајш. Не сакам да зборвам за мандатот ама цела работа ја ебавме сами. Абе напрај си ги изборите за Божик. Е како з`ш. Ако беа тогаш, слободно Стив ќе мојше мандатот наместо да го дават да го фрлит од пристаниште. Па кој го фатит фатит. Не менвит нешто то. Плус атракција ќе беше з`ш сигурен сум дека и Аљи че скокнувала. Абре гарант. Море алоооо ееејјјјј, тој како птица љетит 30 години низ сиве вљади на РСМ не пак за една скокнување.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите