Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, обезбеди донација од 70000 денари за потребите на Основното училиште „Св. Климент Охридски“.

Донацијата на празникот Св. Климент Охридски – патрон на градот и училиштето, ја предаде почесниот конзул на Србија во Охрид, Мишо Филев.

Охрид, Македонија и целиот православен свет, денес го чествуваат Св.Климент Охридски кој бил ученик на Солунските браќа Св.Кирил и Методиј, словенски Епископ, агроном, лекар, едноставно во тоа темно време тој зрачел светлина и надеж меѓу словенските народи со својата благородност и дела. Во ова прилика, почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид и братскиот Српски народ упатуваат искрени честитки со најубави желби по повод Празникот Св. Климент Охридски Патрон на град Охрид, како и до сите граѓани на Охрид и Македонија и сите Православни христијани во светот. – истакна меѓу другото во празничната честитка почесниот конзул Филев.

 

Г.М.