Лајонс клубот Лихнидос од Охрид на Здружението на слепи од Охрид му врачи вредна донација која се состои од вредносни ваучери за купување кондиторски производи и техника во „Топ Маркет“ и „Нептун“.
Донацијата ја прими и од име на членството благодарност искажа претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид Славчо Џајкоски.
-Оваа помош е добредојдена за членовите на Здружението на слепи и верувам ќе претставува поттик за граѓанскиот сектор и хуманитарните организации и во иднина да им помагаат на лицата на коишто помошта им е неопходна. – истакна Џајкоски.
Средствата за донацијата ЛК Лихнидос ги обезбеди од роденденската хуманитарна забава одржана неодамна и кампањата што се реализираше на повеќе локации во градот.
OhridNews












