Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи. Денеска врнежите ќе бидат локални и послаби. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник. Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер, информира УХМР Македонија.
OhridNews












