Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава каде се очекува да бидат пообилни. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата, информира УХМР Македонија.

OhridNews