Во рамки на на фестивалот „Охрид те сакам“, во месец март ќе се одржат два концерти.

Првиот ќе биде на 11 март во големата сала на Општина Охрид со почеток во 20 ч. Ќе настапи дуото од Италија Џовани Вале(пијано) и Даниеле Инџиоси(хармоника). Тие ќе изведуваат дела од Пиацола.


На 12 и 13 март маестро Џовани Вале ќе одржи семинар по пијано.

Вториот концерт ќе се одржи на 18 март исто така во големата сала на Општина Охрид со почеток во 20 часот и ќе настапи пијанистката од Италија, Франческа Зарило со дела од Бетовен, Шопен и Прокофјев.

Ohridnews