Врвни лекари од различни медицински области ќе бидат дел од „V-от Меѓународен медицински конгрес на Форумот на лекарски асоцијации на Југоисточна Европа“, што од 10 до 14 септември 2014 година ќе се одржува во Охрид.
Според информациите на Македонското лекарско друштво (http://www.makedonskolekarskodrustvo.com), на овој научен собир, се очекуваат претставници од Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора, Србија, Република Српска, Словенија, Романија, Украина, Узбекистан, Русија, Казахстан, Азербејџан, Латвија и други земји.
На конгресот во Охрид ќе се предава и дебатира за кардиоваскуларните болести, дијабетесот и неговите компликации, онкологијата, новините во дијагностиката, терапијата и превенција на карциномите и на крајот влијанието на имунизацијата и вакцинацијата.
За време на одржувањето на конгресот е предвидено и одржување на тркалезна маса на која ќе се расправа на теми за реалности, проблеми и финансирање на здравствените системи во Југоисточна Европа, е-здравството и друго.
OhridNews











