Во Македонија денеска се одржува вториот круг од локалните избори во 35 општини. Во регионот единствено втор круг избори има во општина Струга.

Право на глас на овие избори имаат 833.710 граѓани.

Избирачките места се отворија во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

Првичните неофицијални резултати од изборите ќе бидат познати вечерва.

OhridNews