Екипата на Струга Трим Лум е нов лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига симнувајќи го тимот на Лабуништа од врвот. Стружани првата позиција ја освоија благодарание на минималниот триумф (1-0) на домашен терен против Пелистер.

„Црвено белите“ победата и трите бодови ги обезбедија во четвртата минута од судиското продолжение. Стрелец на победничкиот погодок беше Алтин Лога.

Во последната рунда која ќе се одигра следниот викенд ќе се дознае шампионот во есенската полусезона. Во трка се Струга Трим Лум и Лабуништа.

Резултати: Тетекс – Велазерими 0-3, Струга Трим Лум – Пелистер 1-0, Генч Калемлер – Лабуништа 0-0, Скопје – Кораб 2-1.

Табела: Струга Трим Лум 25, Лабуништа 24, Велазерими 20, Гостивар 19, Скопје 17, Генч Калемлер 16, Кораб 15, Пелистер 15, Гоблен Јуниор 14, Тетекс 9

OhridNews