На 8-ми мај во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се оддржи втората заедничка изложба на клубот за цртање „Арс Вивенди“, кој функционира во рамки на Црвениот крст од Охрид.

На изложбата, пред јавноста ќе бидат презентирани најубавите дела од талнетираните членови на овој клуб.

Исто така, во рамките оваа изложба ќе се оддбележи и 150 години хуманитарна акција на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Инаку, изложбата ќе биде отворена од 12:30 часот. 

OhridNews