Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, на 1ви јули ги отвори своите рути од аеродромите во Скопје и Охрид. Патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации до некои од најпопуларните држави како што се Германија, Италија и Шведска.

Од аеродромот во Охрид предвидени се летови до следните дестинации: Виена, Дортмунд, Милано Малпенса, Малме и Лондон Лутон.

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи, за да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот, информира компанијата.

Wizz Air ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства, најави компанијата.

Среќни сме дека скопската база е повторно отворена, и ќе ги продолжи своите летови од Скопје и Охрид, овозможувајќи им на патниците можност да патуваат, да ги посетат своите роднини, или пак да отидат на одмор. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш најголем приоритет. Имплементиравме низа на заштитни мерки за да се осигураме дека хигиената е на највисоко ниво. Спремни сме да ги пречекаме нашите патници на лет. – изјави Паулона Госк, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.

OhridNews