Владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска во Куманово ќе го одржи XV Конгрес, кој е изборен. Како што информираат од партијата, засега единствен кандидат за претседател е актуелниот лидер и премиер Никола Груевски.

На дводневниот конгрес во Куманово, учество ќе земат 560 делегати.

Конгресот на ВМРО ДПМНЕ се случува во екот на голема политичка криза и силни напади од опозцијата кон власта за криминал и корупција. Оттаму денеска од Куманово се очекува ВМРО ДПМНЕ да испрати силна порака за единство во партијата, особено што одредени нејзини истакнати членови и поранешни функционери во изминатиот период отворено побараа одговорност од раководството за аферата со прислушувањето, за што во земјата се води и судски процес во кој е обвинет и лидерот на опозицијата.

OhridNews