Голем интерес владее за претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист на Битолскиот театар, кој гостува во Охрид на 28-ми октомври, сабота. 

За помалку од еден ден продадени повеќе од половина билети информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“. Оттаму укажуваат дека заинтересираните е пожелно што поскоро да извршат резервација или да набават билети на билетарата на установата, бидејќи се очекува истите да бидат целосно распродадени брзо. Цената на билетот изнесува 150 денари.

Режисер на претставата е Андреј Цветановски, играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова. 

Претставата во сабота почнува во 20.00 часот. 

OhridNews