На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 22“, вчера, за само 5 часа, од 19 до 00 ч. беа собрани 51 единица крв информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Упатуваат благодарност до сите крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв.

Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 ч. во ОУ „Св.Климент Охридски“-спортска сала, додаваат од ОО Црвен крст Охрид.

OhridNews