Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини со Грција најавен е можен штрајк за 9-ти ноември, четврток. Истиот ќе започне од 05:00 часот и на граничниот премин Дојрани ќе трае до 23:00 часот, а на премините Ники и Евзони до 05:00 часот наредниот ден.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews