Ресторан Острово

2022-01-05 09:00 - 2022-01-05 22:00

Манастирот Св. Наум Охридски се подготвува за одбележување на празникот посветен на својот градител, заштитник и чудотворец, кон кој постои голем култ во Охрид. По повод празникот ресторанот „Острово“, на 5 јануари, ќе ги намали цените на целото мени за 30 %.

На овој начин сакаме да излезме во пресрет на охриѓани и гостите кои ќе решат на овој голем празник да го посетат манастирскиот комплекс Св. Наум. – велат од ресторан „Острово“.

Ресторан „Острово“ и на празникот ќе работи согласно протоколите и мерките за заштита на здравјето и спречување на ширење на коронавирусот Ковид 19.

OhridNews