СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Скопје на 21 и 17 годишна возраст, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување по здравствените прописи за време на епидемија“. Тие, на 22.05.2020 година во 02:50 часот, пред стамбен објект на улицата .„Никола Карев“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување на јавно место. Пријавените, немале соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган и не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, информира полицијата.

Кривична пријава заработи и 21-годишен життел на Струга. На 04.06.2020 година, во 16.30 часот, при извршена контрола на лица кои потпишале изјава за 14 дневна самоизолација, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за самоизолација, информира СВР Охрид.

OhridNews