Сообраќајот на патниот правец Штип – Велес на м.в Три Чешми е во прекин бидејќи е излизгано тешко товарно возило. Поради снежни наноси и ветер не препорачуваме да се користи патниот правец Велес – Штип, информира АМСМ.

Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот се одвива наизменично.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато како и Маврово-Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонија пат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews