На патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, крак Маврово-Дебар, крак Стража- село Колари и обратно, како и на планинскиот премин Пресека, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила, се наведува во информацијата од АМСМ добиена по 14 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража и 30м до 40м на планинскиот премин Ѓавато.

OhridNews