Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила утрово има на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, информира АМСМ.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 km/h.