Дипломатските мисии на САД, Европската унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и НАТО, излегоа со заедничко соопштение во врска со полициската операција на македонската полиција во кумановска Дива населба против поголемата вооружена терористичка група којашто повеќе од дваесет часа даваше жесток отпор пред да биде разбиена

„Сите искрено жалиме за загубата на животите во операцијата во Куманово, којашто, како што изгледа, за среќа е завршена“, се наведува во соопштението што го прочита амбасадорката Маријане Берец, од ОБСЕ мисијата во Скопје. Се додава и дека сите легитимни политички претставници во Македонија и регионот го осудија насилството.

„Според нашите мислења, вооружената група во Куманово е изолиран феномен, Веруваме дека нема да биде дозволено ова да ги наруши односите во општеството“, се додава во соопштението.

Споменатите дипломатски мисии, исто така, изразија надеж дека станува збор за момент кога челниците во Македонија треба заедно да работата во дијалогот за сите прашања со кои државата се соочува, вклучително и „долготрајната политичка криза и неопходните реформи“.

OhridNews
извор:„Макфакс“