Традиционално по 8-ми пат, Црвениот крст Охрид  во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, организира голема крводарителска акција проследена со хепенинг.

Утре во периодот од 09:00 до 16:00 часот на потегот помеѓу спортската обложувалница „Спорт лајф“ и ТЦ АМАМ, хуманите граѓани ќе имаат можност да даруваат скапоцена течност и да бидат дел од културно забавниот хепенинг на Црвениот крст Охрид.

Акцијата се одржува секоја година во овој период, во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ која ни е партнер во акцијата. Ќе бидат присутни и екипите од подрачното Одделение за трансфузиона медицина при Институтот за трансфузиологија од Скопје, кои ќе земаат драгоцена течност.“ – изјави на денешната прес-конференција Сашо Точков, претседател на Црвениот крст Охрид.

Хуманоста на овој ден, ќе можат да ја покажат и сите оние кои ќе се приклучат на хуманитарната акција „Заедно за еден детски живот”, со донирање на парични средства во собирните каси на Црвен крст Охрид, наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид.

Она што е битно и карактеристочно, а што веќе е во тек, е акцијата „Заедно за еден детски живот“, на која што од самиот почеток се приклучи Црвениот крст Охрид. Да го искористиме овој убав пролетен ден и да бидеме дел од хуманитарната манифестација. Не само оние кои што ќе даруваат крв, туку и сите оние други наши сограѓани, кои со донирање ќе се приклучат и ќе помогнат во нашите хумани активности.“ – рече Точков.

Во рамките на настанот ќе бидат презентирани активностите на ЦК Охрид, а забавниот дел ќе го предводи Елена Ристеска и други познати охридски пејачи.

За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени со наградна игра, Спортската обложувалница „Спорт лајф“ обезбеди вредни награди, а за сите крводарители следува подарок.

OhridNews