Премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места во Владата.

Тој синоќа по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ потврди дека кандидатка за министерка за финансии ќе биде Нина Ангеловска, а нејзиното име ќе биде на листата на нови министри и заменици министри. На листата ќе биде и кандидатот за нов заменик министер за економија, Кирил Колемишевски, а за заменичка министерка за образование е назначена Елизабета Наумовска. Заев истакна дека Кире Наумов ќе биде нов директор на Развојната Банка на Македонија. Премиерот и СДСМ го предлагаат Неџат Мехмедовиќ за заменик министер за новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Кире Колемишевски и Елизабета Наумовска, сериозна порака стручни луѓе коишто можат да дадат сериозен придонес и во економијата и во министерството за образование и наука, а секако и преку кандидатот за министер за финансии Нина Ангеловска, којашто е еден од оснивачите на Групер.мк, добитник на Форбс 30 млади луѓе, која е на 30 години, млад човек кој е и доктор на науки од УКИМ, којашто познат млад човек Република Северна Македонија ширум целиот регион па дури и пошироко во светот, рече премиерот.

Сакам исто така да споделам со јавноста одуката којашто ЦО денеска ја донесе, а тоа е Донесена е и одлука да се изберат 5 потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели се избрани Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зеќири, актуелен пратеник во Собранието на РСМ, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко општество и администрација.

Заев потенцира дека на ЦО особено внимание се посветило на актуелните политички случувања.

Секој кој се огрешил пред законот треба да одговара, создаваме услови навистина преку вакви предизвици, затоа што тоа е предизвик за сите земји, еве го сега предизвик и за нас да покажеме во суштината дека Република Северна Македонија се менува. Се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание или притисок ниту врз обвинители, ниту врз судии. Тие носат саостојни одлуки, како обвинителите, така и Судиите и веруваме во презумцијата на невиност, но и веруваме во исправноста, независноста со силата на аргументите и доказите да се докажуват постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот, рече Заев.