Буџетот за наредната година ќе биде со развојна компонента, прв чекор кон стабилизација на економијата и враќање на парите кон граѓаните, рече премиерот Зоран Заев, кој денеска во Владата го презентираше предлог-буџетот за 2018 година. Буџетот за 2018 година ќе биде 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра, односно толку средства се планирани да се потрошат следната година, додека на приходната страна планирани се 193,5 милјарди денари или 3,14 милијарди евра. Растот на Бруто домашниот производ е проектиран за 3,2 отсто, а буџетскиот дефицит за 2,7 отсто.

Како што рече премиерот, ќе се кратат непродуктивните трошоци.Како за пример, 650 милиони денари ќе се пренаменат од програмата стоки и услуги. За сметка на непродуктивните трошења ќе се зголемат за 5 отсто платите во здравството и образованието, за 10 отсто во одбраната. Предлог-буџетот ќе обезбеди непречена исплата на плати, пензии, субвенции за земјоделците, помош на домашни и странски компании за секое отворено работно место, нови работни места. Повеќе пари ќе има за капитални инвестиции, патна инфраструктура и гасификација. Ќе рехабилитираме 750 километри патна мрежа и изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица. Ова е првиот сериозен исчекот кон стабилизација на земјава, односно да ја стабилизираме економијата и да ги натераме младите да останат во тука“, рече Заев.

Премиерот Заев најави дека од први декември сите склучени договори ќе бидат јавни и со тоа ќе воведат транспарентност во работењето, но и заштеда на пари бидејќи нема да има место за корупција.

Премиерот најави дека ја разгледуваат можност јавно да се објавува повратокот на ДДВ и наведе дека државата годишно по основ камати плаќа 140 милиони евра.
Испланиравме средства за отворање на нови 100 работни места во градинките, со цел да се подобри услугата и грижата за децата. За пензиите, има пари за законско порамнување на пензиите, како што растат платите и трошоците на живот ќе растат и пензиите, рече премиерот.

OhridNews