Заев: Груевски со години прислушувал граѓански организации
08.06.15 14:46
Во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција. Тој истакна дека тоа се организации за кои има комплетирано материјали, но оти нивниот број е многу поголем ако се има предвид дека дел од нив се прислушувани индиректно. Заев рече дека со комплетирањето на материјалите за нови организации, тие ќе ги информираат и ќе ги повикаат да си ги подигнат во седиштето на СДСМ.
Преку следењето и прислушувањето на еден од најчувствителните сектори, граѓанскиот, Груевски ги загрозува основните граѓански и човекови права, додаде тој. Со следење на сите оние што се критички настроени спрема владата, Груевски и неговите помошници го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале моќта и власта. Никакви реформи не го одржале Груевски на власт, тој ја обезбедил власта со незапамтениот во светски рамки, огромен скандал со прислушувањето, нагласи Заев на денешната прес конференција.
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недос...
Цените на горивата бележат значителен пад Бензините од вечер на полноќ ќе се продаваат поевтино за 3,5, односно 4 денари, а цената на дизелот ќе биде пониска за 7 денари Малопродажната цена на бенз...
Под мотото едно езеро – безброј приказни викендов во Струга, во соработка со Europe House Struga и Хотел Дрим, Општина Охрид и Општина Поградец беше одбележан денот на Езерото Посетителите имаа мож...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.