Жител на Велешта вербално им се заканувал на вработените во Општина Струга. Случајот синоќа во 20.00 часот во полицијата го пријавил вработен во локалната самоуправа во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.  Полицијта работи на расветлување на случајот, доаде тој.

По овој настан, денеска, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, писмено го информирал премиерот Заев дека се откажува од ингеренциите во сферата на урбанизамот, издавање дозволи, како и од спроведување на препораките на УНЕСКО, пренесува новинската агенција Журнал.

Истиот извор наведува дека Мерко на ваква одлука се одлучил незадоволен од негативната кампања што изминатиот период се водела против Струга, која, според него, имала за цел да го амортизира проблемот со дивоградбите во Охрид.

OhridNews