Дежурните екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец” повторно затекнаа два целосно изгорени контејнери, овој пат кај плажата Лабино. Овие контејнери се користеа од страна на угостителските објекти на потегот од Св. Софија до Канео.
Од претпријатието апелираат да не се уништуваат јавните добра и јавната опрема, затоа што ако продолжи ваквата појава, истите ќе бидат повлечени од употреба.
OhridNews












