Во контрола на 11 продавници во Охрид која ќе продолжи и во недела  запленети се околу 6000 пиратски ЦД-а и ДВД компакти . Се контролираат и продажните објекти во Струга.

Според претставникот  на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, Мите Костов, „бројките покажуваат дека за разлика од претходната контрола продажбата на пиратски матерјали е намалена за три пати“.


запленети 6000 ЦД-а во Охрид

Во Охрид пиратски матерјали се затекнати во  6 објеткти. Музичката продавница  „Зи-Зи Топ“ заработи казна од 3400 евра, а со по 200 евра се казнети препродавачи на тезгите во Св. Наум. Во контролата покрај претасвниците на Координативното тело вклучени се и Министерството за култура, УЈП, Пазрната инспекција и МВР.

Зачестените контроли и високите казни вродуват со плод што е и заложба на македонскитѕе власти да се стави крај на пиратеријата на што инсистира и ЕУ, вели Костов. Тој најави дека контролите ќе продолжат и натаму особено во продажбата на текстил, на високо акцизните стоки како што се алкохолот и цигарите и во фармацијата.

Г. Момироски