СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против 38- годишно лице  од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 29.07.2021 во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево лицето било лишено од слобода откако во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека во неговиот дом и други негови простории во с.Гарани бил извршен претрес при што се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети.

 

 

 

ОhridNews