Државната изборна комисија, денес, од печатницата “Киро Дандаро” во Битола, до општинските изборни комисии започна со доставување на доверливиот изборен материјал за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани за 5 јуни годинава.

На 84 – те општински изборни комисии ќе им бидат предадени гласачките ливчиња, изводите од избирачкиот список и записниците. Во изминативе денови беа доставени гласачките кутии, параваните, ултра виолетовите ламби, невидливиот спреј и сите други потребни средства за спроведување на гласањето.

Ohridnews