Jazz Inn

Од 08.08.2022 - 20:00 до 13.08.2022 - 20:00

Со настап на Никола Тодороски на англиски јазик, во клубот „Џез инн“ вечерва започна последната недела со завршните шест од вкупно дваесет и две шоуа на Летниот маратон на стендап и комедија.

Во вторник од Скопје гостува актерот и комичар Бојан Кирковски со шоуто “Hard Times”. Во среда на програмата е комеди кабарето Two Mothers Brothers со актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, додека четвртокот е резервиран за динамичното дуо Илија Богданоски и Никола Сиљаноски.

Викендот што следи ќе има уште две шоуа, во петок гостуваат познатите актери Тино и Атанас, додека на последната вечер од маратонот е финалето со микс од неколку шоуа на стендап комичарите.

Комеди маратонот започна на 21 јули и ќе трае до 13 август, а досега настапија и познатите комичари од регионот: Александар Перишиќ, Никола Силиќ, Ненад Шиља Стефановски, како и Влад Илиќ кој живее и настапува во Лондон. Покрај овие гостувања, публиката можеше да се смее и забавува и на препознатливото шоу Импровокација со актерите од Народен Театар Охрид, како и на домашните комичари Јован Цветкоски, Зоран Донев и Софија Ристевска.

Сите шоуа започнуваат во 20:00 часот, а локацијата е добро познатиот клуб Џез Ин. Сите информации и резервации може да се добијат на телефонскиот број 075283066.

OhridNews