Денес во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа првата јавна расправа посветена на изработката на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија за периодот 2027–2032 година.

Во своето обраќање министерот нагласи дека туризмот е еден од клучните двигатели на економскиот развој, создава нови работни места, привлекува инвестиции и придонесува за промоција на државата на меѓународната сцена. Тој посочи дека во услови на брзи глобални промени, дигитализација и нови барања на современите туристи, неопходен е стратешки пристап кој ќе обезбеди долгорочен и одржлив развој на туристичката индустрија.
Македонија располага со исклучителни природни и културни богатства, нашата задача е овој потенцијал да го претвориме во силна конкурентска предност и во препознатлив туристички бренд на регионот и пошироко, истакна министерот Љутков.

Новата Национална стратегија за развој на туризмот 2027–2032 ќе биде насочена кон, рамномерен регионален развој на туризмот, ефективен дестинациски менаџмент, одржливо користење и заштита на природното и културното наследство, дигитализација и модерна туристичка промоција, развој на нови туристички производи и искуства, унапредување на квалитетот на услугите и човечките ресурси во секторот, посочи Љутков.
Во рамки на процесот на изработка на стратегијата, предвидени се повеќе јавни консултации и тематски работилници со сите засегнати страни, со цел да се обезбеди широк консензус и активно учество во креирањето на идните политики за развој на туризмот.
OhridNews












