Денес започнаа градежни активности за санација на кровот на Здравствен дом, поради што на дел од улицата од страна на гимназијата беше поставена заштитна црвена лента.
Фирмата која ги врши активностите е ангажирана по основ на договор за јавна набавка за санација на кровот, а предвидено е да се изврши и замена на старите ќерамиди со пластифициран лим, информираат од Здравствен дом.
Како што веќе информиравме, на местото на сегашниот објект на Здравствен дом предвидена е изградба на современа поликлиника, за што се потребни измени на постоечкиот Детален урбанистички план за овој дел од градот.
OhridNews













