После успешниот поход на север во Германија, импровокаторите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и домаќинот Филип Ангеличин Жура се враќаат дома со специјална летна шема која започнува оваа сабота, 24-ти јуни. 

Импровокација – летна шема започнува во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Карти за настанот можат да се најдат во музичка продавница Зизи Топ.

Шоуто не е за помлади од 16 години!