По три часа разговори, претставниците на власта и опозицијата направија пауза, по која продолжија преговорите за изнаоѓање решение за Законот за Јавно обвинителство, кој се смета за еден од клучните во евроинтегративните процеси на земјата, а предвидено е да се разговара и за други актуелни прашања, како што е можноста за одржување предвремени парламентарни избори.

Лидерската средба Заев – Мицкоски што се одржува во македонското Собрание засега не донесе напредок. Неофицијално двете страни стојат цврсто на сопствените ставови. Наводно, единствената работа околу која се согласиле двете страни е дека СЈО е мртва институција.

OhridNews