Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести , а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид, како општа противепидемиска мерка,од ЈЗУ Центар за јавно здравје ги информираат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека на 1- ви јуни (недела )  и  2- ри јуни (понеделник) нивни екипи  ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци .

Запрашувањето ќе се врши од 19 до 06 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, со предходница од друго возило . Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено охридското крајбрежје на потегот од село Подмоље до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, по текот на реките Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  046/ 231 881; 046/230 231.

OhridNews